Мариус Борг Хојби, најстариот син на норвешката престонаследничка принцезата Мете-Марит, повторно е уапсен во Осло во неделата навечер по нови обвиненија против него, објави норвешката полиција во понеделникот, пред неговото судење утре за голем број кривични дела, вклучително и силување.
„Полицијата го уапси Мариус Борг Хојби во неделата навечер под сомнение за напад, закана со нож и прекршување на забраната за приближување“, соопшти полицијата во Осло во соопштението, без да го открие идентитетот на наводната жртва или жртви.
Полицијата ќе бара негов четиринеделен притвор „поради ризикот дека може да стори друго кривично дело“, додаде полицијата, но одби да даде детали.
Дваесет идеветгодишниот Хоби е син на принцезата од кратка врска со осудуван злосорник во кија била пред да се омажи за принцот Хакон.
Младиот човек требаше да се појави на суд во Осло за да се соочи со обвинение од 38 точки, вклучувајќи четири точки за силување, физичко и психичко злоставување и повеќекратни кривични дела поврзани со дрога. Но, тој ги негира најсериозните обвиненија.
Во случајот има седум наводни жртви, а четири од обвиненијата наводно вклучуваат силување на девојки кои не можеле да се одбранат, за што на Хојби претходно му беше е изречана забрана за приоѓање.
Доколку биде осуден по најсериозните обвиненија што веќе се покренати против него, синот на идната кралица на Норвешка се соочува со затворска казна до 16 години.
Судењето треба да трае до 19-ти март, а пресудата се очекува неколку седмици подоцна.