173
Кавадарчанец бил лишен од слобода, по пријава во полиција за закани и физички напад врз неговиот татко, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи-Велес.
„Полициски службеници од ОВР-Кавадарци во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода С.Ј., 48-годишен кавадарчанец, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 74-годишен татко и му се заканувал.
С.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од СВР-Велес.