Силен земјотрес во Грција

by Fokus

Попладнево земјотрес го погоди нашиот јужен сосед Грција, информираат медиумите од оваа земја.

Земјотресот бил со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погодил областа источно од грчкиот остров Родос.

Земјотресот се случил во 14 часот и 37 минути по локално време. Засега нема информации за материјална штета и жртви.

Поврзани новости