110
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случи во регионот Хиндукуш, на длабочина од 208 километри.
Најблискиот град во кој се почувствува земјотресот е Џурм, лоциран на 44 километри јужно од епицентарот.
Меѓу поголемите градови во пошироката област е Кундуз, кој брои околу 200.000 жители.
Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.