741
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, се сретна со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.
Во фокусот на разговорот биле перспективите за продлабочување на билатералната соработка и беше посочена потребата од унапредување на правната рамка, се вели во соопштението на нејзиниот кабинет.
Посебен акцент бил ставен на економските односи и можноста за забрзување на проектите од взаемен интерес, коишто се во подготвителна фаза.