179
Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денес изјави дека имало уште еден напад врз нафтоводот „Дружба“, поради што е суспендиран транспортот на нафта до Унгарија.
„Во текот на ноќта добивме вест дека нафтоводот „Дружба“ на руско-белоруската граница е повторно нападнат – по трет пат за краток временски период. Транспортот на нафта до Унгарија е повторно суспендиран“, рече Сијарто во објава на Фејсбук.
Сијарто оцени дека станува збор за „уште еден напад“ врз енергетската безбедност на Унгарија.
„Уште еден обид да нè вовлечат во војна. Нема да успее. Ќе продолжиме да ги поддржуваме мировните напори со сите наши сили и да ги браниме нашите национални интереси“, рече Сијарто.