Швионтек против Анисимова во финалето на Вимблдон

by irena 19:40
19:40

Четврторангираната тенисерка во светот, Полјачката Ига Швионтек, денес се квалификуваше за финалето на Вимблдон, откако ја победи Швајцарката Белинда Бенчиќ со 6:2, 6:0 по два сета.

Таа ја победи 35-тата тенисерка на ВТА листата по еден час и 11 минути.

Швионтек направи пет брејкови за разлика од Швајцарката, која не направи ниту еден брејк.

Во финалето, Швионтек ќе игра против Американката Аманда Анисимова во сабота.

Во финалето, Полјачката ќе се обиде да ја освои својата петта титула од Гренд слем, а прва на Вимблдон.

Слични вести