Штипјанец во својот подрум пронашол граната

by irena 15:34
15:34

Вчера во 09:20 часот во СВР Штип, В.А.(43) од Штип пријави дека во подрумскиот дел од неговата куќа пронашол неактивирана експлозивна направа.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана минофрлачка граната калибар 82мм, која потекнувала од Првата светска војна.

Извршен бил увид.

Слични вести