Штерјова: Мицкоски ги штити Стоилковиќ и Китановиќ за величењето на Младиќ

by vlatko 12:22
12:22

Христијан Мицкоски го штити својот пулен во Владата Иван Стоилковиќ, како и директорот на Агенцијата за правата на заедниците Далибор Китановиќ, вели Кети Штерјова од СДСМ.

-Од никого не бара одговорност за величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ. Мицкоски не го споменува Стоилковиќ, не го повикува на одговорност, на Китановиќ му остава простор да го повлечел јавно искажаниот став за Ратко Младиќ или да си поднесе оставка, наместо кривично да одговараат и давајцата согласно член 407 од Кривичниот законик поради „Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“. Нема тука простор за негово одлучување или различно толкување – рече Штерјова.

Ако Мицкоски не се согласува со Стоилковиќ и Китановиќ, додаде таа, тогаш нека ги осуди нивните ставови и нека ги разреши.

-Ова е дел од поширока агенда, сценарио на Вучиуќ која Мицкоски ја спроведува и за која СДСМ предупредува. Создавање тензии, поделби меѓу граѓаните, етнички провокации и поделби, операција „Талог“. Медиумите се подготвени. Латас, човек на српските служби, води кампањи по методот на Гебелс, навреди, поделби, постојано повторување на ист навредлив термин за да се дехуманизира политичкиот противник. Стоилковиќ навредува пратеници во Собранието, го велича Ратко Младиќ. Се е дел од иста кампања – рече Штерјова.

Слични вести