Шпанската влада денеска прогласи национална вонредна состојба поради големите шумски пожари кои принудија евакуација на околу 10.000 жители во централниот дел на земјата.
Со прогласувањето на вонредната состојба, Министерството за внатрешни работи на Шпанија ја презеде координацијата и контролата врз гаснењето на пожарите во погодените региони, додека земјата се соочува со повеќе активни жаришта поттикнати од силниот топлотен бран.
Регионалната влада на Мадрид соопшти дека околу 10.000 лица биле евакуирани од неколку населени места откако пожарите доцна синоќа излегле од контрола.
Во Шпанија, од почетокот на годината досега изгореле околу 1.300 квадратни километри земјиште, што е четирипати повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Шпанскиот премиер Педро Санчез повика на политичко единство во борбата против климатските промени оценувајќи дека заедничките напори се неопходни за справување со последиците од сè почестите екстремни временски услови.