Поддршката што Западот ѝ ја дава на Украина не е само прашање на солидарност со украинскиот народ, туку пред сè, суштинска стратегија за заштита на самите земји-членки на Алијансата од идно ширење на конфликтот, изјави Радмила Шекеринска во интервју за „4tv.mk“ на Самитот на НАТО во Анкара, Турција.
Шекеринска предупреди на опасен преседан што би се создал доколку меѓународната заедница дозволи победа на воената агресија, во случајот со вооружувањето на Украина.
„НАТО е одбранбен сојуз. Неговата цел, неговата ДНК е да си ги штити членките. Земјите-членки ја даваат поддршката на Украина, затоа што знаеме дека ако почне да се наградува агресијата кон соседите, следниот пат тоа ќе зачука на врата на некои од нашите сојузници“, изјави Шекеринска.
Украина оваа година добива 70 милијарди долари, а договорено е најмалку истата таа сума да ѝ биде на располагање и во 2027 година.