„Шанса за Центар“: Постои можност наместо јасна листа за гласање, да добиеме тетратка со голем број имиња што ќе ги збуни гласачите

by irena 10:26
10:26

И покрај тоа што прагот за учество на изборите е намален, иницијативата „Шанса за Центар“ најави дека ќе продолжи со собирање потписи за основање на политичката платформа „Независни заедно“.

Од иницијативата ги повикаа организираните групи од Македонија да се приклучат, а сите граѓани на Македонија, доколку сакаат да им дадат поддршка, тоа да го направат оваа недела.

– Овој правилник ќе важи САМО за овие избори. Не сакаме повеќе неизвесност „пет до дванаесет“. Ќе продолжи примената на членот од законот според кој независните групи ќе бидат претставени само со имињата на носителите на листите, наместо со називот на групата, односно ќе стои „група избирачи“ и името и презимето на носителот на листата. Ова отвора можност да се појават слични имиња со цел да се создаде забуна кај гласачите. Пример: Билјана Ивановска и Биљана Ивановска. Ова веќе се случувало на претходни избори – се вели во соопштението.

Од „Шанса за Центар“ порачаа дека постои можност наместо јасна листа за гласање, да добијат тетратка со голем број имиња, каде партиите ќе бидат најгоре, а под нив ќе следат долги списоци со имиња.

– Исто така, пристапот до медиумите, избирачкиот список и другите ресурси со кои располагаат партиите останува непроменет. Нерамноправноста продолжува – додаваат тие.

Слични вести