Северна Кореја повторно истрела балистички ракети

by vlatko 09:19
09:19

Северна Кореја истрела балистички ракети кон исток, објави утринава јужнокорејска новинска агенција, пренесуваат агенциите. Јапонски извори, исто така, го потврдија инцидентот, додавајќи дека тоа е последното во серијата лансирања од страна на Пјонгјанг насочени кон зајакнување на неговите воени капацитети.

-Се верува дека балистичките ракети паднале во близина на источниот брег на Корејскиот полуостров. Повторните лансирања и низата акции на Северна Кореја го загрозуваат мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница – изјави Масахиса Мијазаки, поранешен јапонски министер за одбрана.

Ова е седмо лансирање балистички ракети од страна на Северна Кореја годинава и четврто месецов.

Слични вести