Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар

by irena 12:56
12:56

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски, денеска ја имаше првата прес-конференција. Воедно ова беше негова промоција на новата позиција, на која го наследува Благоја Милевски.

– Голема чест и одговорност во кариерата. Го знам потенцијалот што го има репрезентацијата. Треба да изградиме систем и секој да се бори за секоја топка. Нема да бидеме фаворити на некои натпревари, но тоа не ни го одзема правото да се бориме. Сакам да видам тим, кој ќе се бори до последната минута и очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар. Убеден сум дека ФФМ ќе ни даде најголеми услови, а од поддршка од најблискиот тим Пандев, Новески, Ибраими, Најдоски, ќе направиме успех за нашиот национален состав, изјави новиот селектор Гоце Седлоски.

Долгогодишниот капитен на А репрезентацијата Горан Пандев со свое видување за новиот селектор.

– Му честитам на Седлоски. Го знам многу години, сме играле заедно. Се работи за човек што многу дал на мак-фудбалот како играч и последните години и како тренер. Тој е млад перспективен тренер, а знам и дека пред нас следи работа и верувам во него и му посакувам успех, изјави Горан Пандев.

Слични вести