Се задолжуваме со 87 милиони евра – државата ќе гради фотонапонски централи

by irena 11:24
11:24

Државата ќе гради три фотонапонски електроцентрали – Битола 1, 2 и 3, со кои се очекува да се зголеми инсталираната моќност од обновливи извори за најмалку 180 мегавати. За проектот, државата ќе се задолжи со 37 милиони евра во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и со 50 милиони евра во германската банка за обнова KfW. За споредба, вкупната моќност на трите блока на РЕК Битола е 700 мегавати.

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет беше разгледан Предлог-законот за гаранција на Република Северна Македонија за обврските по заемот за финансирање на Фотонапонската електроцентрала Битола 3, кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ).

Условите за заемот од ЕБОР во износ од 37 милиони евра се: рок за отплата 15 години со грејс период од 3 години, отплата преку 24 полугодишни рати на 10 јуни и 10 декември секоја година, варијабилна каматна стапка (шестмесечен ЕУРИБОР + 1%), еднократна провизија од 1% од износот на заемот и годишна провизија од 0,5% на неповлечениот дел, која се пресметува по 60 дена од потпишувањето на договорот.

Слични вести