Сè уште е рано да се почувствуваат ефектите од американските царини, вели гувернерот на Народна банка

by irena 15:48
15:48

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, вели дека сè уште е рано да се почувствуваат ефектите од царините кои Соединетите Американски Држави ги воведоа за увоз на производи од странски земји, а кои од денеска и официјално стапија во сила за десетици држави во светот, меѓу кои и за Македонија.

Одговарајќи на новинарски прашања од медиумите, Славески вели дека допрва треба да се прават потребните анализи за да се види во која мера би влијаело воведувањето на царините, кои, според последната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, за Македонија изнесуваат 15 отсто.

Сè уште немаме ефект од воведувањето на царините. Дури и проценките на САД се, зашто и кај нив ќе има влијание, дека по пет-шест месеци ќе може да ги почувствуваат првите ефекти. Царинските стапки се од пред некој ден, треба да направиме анализи, да видиме во која мерка тоа би влијаело, сега немам прецизен податок за тоа“, изјави Славески.

Со најновата извршна одредба потпишана од претседателот на САД, Доналд Трамп, царинската стапка за увоз на производи и стоки од Македонија во Соединетите Држави се намалува од 33 на 15 отсто.

Слични вести