Се урна зграда во центарот на Атина, шест лица загинаа

by jadranka 18:38
18:38

Шест лица загинаа при уривањето на станбена зграда во центарот на Атина поради засега необјаснета експлозија, пишува Би-Би-Си. Меѓу нив е и еден граѓанин на Велика Британија

Триесет пожарникари со три кучиња трагачи учествуваат во спасувачката операција. Спасувачите користат специјализирани уреди за откривање звуци во урнатините и ендоскопски камери.

Експлозијата се случи вчера, петок, околу 7,30 часот наутро, предизвикувајќи голема штета на соседните згради и паркираните возила. Пожарникарските екипи вчера спасија две жени од блиската зграда. Уште едно лице беше полесно повредено од парчиња од зградата исфрлени од експлозијата. Тимот за истрага на пожарот, заедно со членови на грчката полиција, се обидува да ја утврди причината за експлозијата.

Претседателот на Општина Атина, која го опфаќа централниот дел од грчката престолнина, Харис Дукас, изјави дека „сега се претпоставува дека експлозијата, која била огромна, можела да биде предизвикана од обемно истекување – многу големо истекување на гасна инсталација“.

Тој нагласи дека двете соседни згради – лево и десно од онаа што беше разнесена – се во многу лоша состојба и дека се разгледува дека ќе мора да се урнат, а дека две или три згради преку патот се во слична состојба.

„Штетата се протега по целата улица, дури и до улицата зад неа, тоа е неверојатно уништување“, нагласи Дукас, објави РТВ СКАИ.

Слични вести