Се урна авион на пат кон воена база на Алјаска – загинаа осум лица

by irena 08:49
08:49

Осум лица загинаа при пад на чартер-авион во близина на оддалечена воена радарска станица во западна Алјаска синоќа, соопшти Командата на американската армија за Алјаска, а пренесе Ројтерс.

Авионот „Цесна 441“, управуван од чартер-компанијата „Security Aviation“ со седиште во Анкориџ, се урна западно од пистата на воената база „Кејп Њуенхам“ околу 12:15 часот по локално време, потврди портпарол на Федералната управа за авијација (FAA).

Авионот полетал од Меѓународниот аеродром во Анкориџ и бил на пат кон „Кејп Њуенхам“, додаде портпаролот.

Во претходна објава на социјалните мрежи, гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи, изјави дека Националната гарда на Алјаска спроведува операција за пребарување и спасување.

Објектот во „Кејп Њуенхам“ е дел од мрежа на оддалечени радарски станици што ги следат леталата во воздушниот простор на Алјаска и долж нејзините граници.

Слични вести