Се трага по скопјанецот кој во Козле го чуваше врзан волкот кој сега е во ЗОО Скопје

by irena 17:11
17:11

Полицијата по извршените проверки во кои се утврди дека заловеното животно од скопско Козле е волк, трага по местото и лицето кое го чувало животното.

Од МВР велат дека СВР Скопје презема мерки за утврдување на локацијата и идентитетот на лицето кое го чувало животното.

Според прописите, чување на диви животни без соодветна дозвола може да донесе сериозни казни, кои во одредени случаи стигнуваат и до 20.000 евра.

Во Законот за заштита на природата јасно се наведува дека е забрането чување и одгледување диви животински видови во несоодветни услови и без соодветни одобренија.

Од ЗОО Скопје информираа дека станува збор за млад волк кој е неухранет и тежи 25 килограми.

Слични вести