Се трага по исчезнат 32-годишник од Валандово. Семејството Ременски упати јавен апел до граѓаните за помош и информации поврзани со нивниот исчезнат роднина, Горан Ременски.
Според информациите што ги достави семејството, тој го напуштил својот дом на 25 април (сабота) околу 05:30 часот наутро и оттогаш му се губи трагата. Во моментот на заминување бил облечен во црно дебело палто, темно тегет фармерки и црни патики.
Последен пат е забележан истиот ден околу 06:00 часот кај бензинската станица „GAMA OIL“, при што се движел во правец кон Струмица.
Семејството информира дека лицето во моментот не поседува телефон, ниту лични документи, поради што секоја информација од граѓаните може да биде од исклучителна важност за негово пронаоѓање.
„Се апелира до сите граѓани кои имаат било какви сознанија или информации поврзани со неговото движење или моментална локација, веднаш да се јават“, наведуваат од семејството.
Контакт телефон за информации: 075 245 187.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 25.04.2026 во 13:30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека од домот се оддалечило лице на возраст од 32 години.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од МВР.