131
Два воза се судрија денес нешто по 18:00 часот во близина на станицата Бјалосливие во централниот дел на Полска, а во судирот се повредени 11 лица, од кои тројца се хоспитализирани, изјави портпаролот на противпожарната служба на Велкополска, Мартин Халаш.
Халаш изјави дека повеќе од десетина противпожарни бригади, како и екипи на брза помош, се на местото на настанот, објавува порталот Rmf24.
Според прелиминарните наоди, воз од Полреџо на линијата Пила-Бидгошч се судрил со меѓуградски воз што сообраќал од Бјалогард до Варшава.