Се поплави Клиниката за онкологија – исклучени се апаратите за радиотерапија

by irena 17:00
17:00

Силното невреме што го зафати Скопје предизвика проблеми и на Клиниката за онкологија.

Според информациите, бил поплавен долниот кат на објектот каде што се изведуваат третманите со радиотерапија.

Директорот на Клиниката, Игор Стојковски, потврди дека веднаш по настанот се исклучени сите апарати за радиотерапија, со што, како што посочи, била спречена поголема опасност.

Тој нагласи дека установата е во постојана комуникација со Агенцијата за радијациона сигурност и увери дека ниту еден пациент не е изложен на ризик.

Според информации од присутни пациенти, поради навлегувањето на водата во ходниците биле поставени ќебиња и чаршафи за да се впие водата и да се олесни санацијата на просториите.

Засега не е познато колкава е материјалната штета, а надлежните служби работат на целосно санирање на последиците од поплавата.

Слични вести