СДСМ: Земјоделците се борат со зголемени трошоци, а Владата крати таму каде што најмногу боли

by irena 08:41
08:41

„Владата на Мицкоски директно им одзеде 40 милиони евра на земјоделците. Субвенциите ги намали од 140 на 100 милиони евра. Власта удри врз маката, трудот и егзистенцијата на илјадници земјоделски семејства кои произведуваат храна и ја одржуваат домашната економија“ соопштија утринава од СДСМ.

Од партијата велат „Додека земјоделците се борат со зголемени трошоци, скапа нафта, ѓубрива и механизација, владата крати таму каде што најмногу боли – кај луѓето што работат и создаваат од македонската земја и сонце“.

„Зошто? Да има повеќе пари за милионски тендери за фирмите блиски до власта, за однапред договорени јавни набавки преку кои се испумпуваат парите на граѓаните. 40 милиони евра помалку за земјоделците – тоа се 40 милиони евра повеќе за криминални тендери за тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. Дури и европските пари ги украдоа, поради што ИПАРД програмата беше суспендирана“ велат од СДСМ.

Ставот на опозициската партија е „за оваа криминална власт приоритет не се луѓето, не се земјоделците, не се работниците, туку тендерите“.

Слични вести