СДСМ: Владата да објави кој патувал со Мицкоски

by valentina 10:37
10:37

Од СДСМ бараат дополнителни информации од Владата за користењето на владиниот авион, односно да кажат кој патувал заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

-Ако авионот бил користен согласно прописите Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски. Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранско море соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“, и дека „секое користење е евидентирано, документирано“. Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа. Бараме Владата да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион, велат од СДСМ.

Слични вести