СДСМ: Сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е во Гостивар

by irena 17:31
17:31

„По епидемијата поради загадена вода во Гостивар, властите сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е и други заразни заболувања. Министерството за здравство ќе испраќа упатства до здравствените установи и матичните лекари. Воведен е засилен здравствен надзор. Ова е токму она за кое што Венко Филипче предупреди уште минатата недела“ соопштија попладнево од СДСМ.

Велат „прво, доцна им се вклучија „црвените светла“. Потоа ги криеја податоците. Сега, кога кризата веќе се разгоре, признаваат дека постои ризик од жолтица и други заразни болести“.

„Луѓето во Гостивар ја плаќаат цената затоа што наместо стручност и брза реакција, добија политичка калкулација и префрлање на одговорноста. Здравјето на граѓаните повторно беше ставено на второ место. Гласовите и тендерите на прво. Ова не е криза што дојде сама. Ова е криза што ја создаде неспособноста и неодговорноста на оние што ја водат државата“ е ставот на опозициската партија.

Слични вести