СДСМ: Петер Маѓар јасно го означи Груевски како криминалец, дојде моментот правдата да биде задоволена

by irena 20:19
20:19

Опозицискиот Социјалдемократски сојзу на Македонија (СДСМ) попладнево ја поздрави изјавата на победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар дека нема да дозволи неговата земја да биде засолниште на лица кои се бараат во своите матични држави поради сторен криминал, при што, во тој контекст, го наведе и поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

„Новата унгарска власт повеќе нема да обезбедува засолниште за луѓето кои бегаат од правдата. Маѓар експлицитно наведе дека Унгарија ќе ги испрача оние кои се кријат на нејзина територија и директно го означи Никола Груевски како криминалец“, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму потсетуваат дека експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, избега од земјава во 2018 година и најде засолниште во Будимпешта, каде, како што наведуваат социјалдемократите од Бихакќа, со години се криеше под заштита на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кој по 16 години на власт, на вчерашните парланментарни избори доживеа тежок пораз од Тиса на Петер Маѓар.

„Ова е конечен крај на ерата во која Будимпешта беше безбедно засолниште за осудени корумпирани функционери. Правдата не познава рок на траење. Судските пресуди мора да се извршат. Организирана криминална група ВМРО и Христијан Мицкоски со години го бранеа и штитеа својот шеф Груевски. Сега дојде моментот правдата конечно да биде задоволена и Груевски да ја отслужи изречената казна во Македонија. Граѓаните долго го чекаа овој момент. Доаѓа време на правда и одговорност“, наведуваат од Социјалдемократскиот сојуз.

Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

 

Слични вести