„Неспособноста и лагите на Орце Ѓоргиевски, се вистинска слика за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Орце не можеше да ги реши основните проблеми на општина Кисела Вода, не успеа ниту сметот да го исчисти. А сега истиот тој Орце ветува дека ќе го исчисти целиот град за 72 часа“, велат од СДСМ.
„Граѓаните не може да му веруваат дека ќе исчисти Скопје за 72 часа, кога четири години не успеа да ја исчисти ниту Кисела Вода. „Расадник“ е школски пример за неговата неспособност. Погледнете, ѓубре на секој чекор, неподнослива нечистотија, граѓани кои со денови не можат да ги отворат прозорците. Инфраструктурен хаос, недостиг на паркинг места и кучиња скитници насекаде. За Ѓоргиевски 72 часа не се доволни само „Расадник“ да го среди, а камоли цело Скопје“, посочуваат од СДСМ и додаваат:
„Ова е вистинското лице на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Од Данела Арсовска до Орце Ѓоргиевски, резултатот е катастрофа. Скопје е претворено во град на ѓубре, диви депонии и загадување. Со Орце и ДПМНЕ Скопје никогаш не било повалкано и позапуштено“.