„Христијан Мицкоски повторно покажа каков е, безобразен уличар, шеф на криминална организација. Наместо да зборува за проблемите на граѓаните, тој излегува со ниски, уличарски провокации и „загриженост“ за здравствената состојба на дел од раководството на СДСМ“ реагираат од опозициската партија откако денеска премиерот од собраниската говорница порача дека „Јавноста е сведок на кампања и речник што не доликува на политичката сцена во Македонија“.
Од партијата велат „Ние не сме загрижени за неговото здравје. Ние сме загрижени за здравјето на државата кое тој и неговата банда систематски го уништуваат. Мицкоски е човекот кој граѓаните ги нарекува „талог на општеството“, „медиокритети“ и „мочуриште“. Ова е речник на уличар која од функцијата претседател на Влада се однесува како шеф на мафија, безобразно, примитивно“.
„Доста е повеќе од неговите ниски провокации и лични напади. Срамота е за еден премиер да се однесува вака, но од предводник на криминална организација и се очекува да биде токму таков, без срам и без граници. Мицкоски нека се грижи за својата совест, ако воопшто ја има. Граѓаните јасно гледаат кој е вистинскиот проблем во оваа држава“ велат од СДСМ.