СДСМ: Конгресот на двоецот Мицкоски-Груевски доби најсилна поддршка од Обран

by vlatko 11:09
11:09

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци организиран од двоецот Мицкоски-Груевски, доби најсилна поддршка од Виктор Орбан и неговата ФИДЕС, велат од СДСМ. Оттаму прашуваат што е заедничко за оваа оска освен, како што велат оттаму, големи бизниси, преплетени интереси, моќ и влијание.

„Најсилна поддршка добија од Виктор Орбан и неговата партија ФИДЕС. Тој успешно го крие и го чува Никола Груевски, бегалецот од правдата кој украде 2 милијарди евра и побегна, но се уште ја управува со ВМРО-ДПМНЕ од далечина. Бизниси, кредити, банки, оваа власт е директно поврзана со Орбан.  Тоа е дел од вертикалата преку политичките партии, ФИДЕС на Орбан, СНС на Вучиќ во Србија и ДПМНЕ на Груевски и Мицкоски, која со години функционира на иста линија.

Што е заедничко за оваа оска освен големи бизниси, преплетени интереси, моќ и влијание? Големите протести во Унгарија и Србија против политиките што се водат ги поврзува токму корупцијата. Во Македонија истата приказна, корупцијата цвета. Секој ден излегуваат огромни скандали како власта пумпа пари од граѓаните преку наместени тендери. Значи се е јасно. Криминалците се штитат едни со други. Тоа го потврди Конгресот на ДПМНЕ“, реагираат од СДСМ.

На вчерашниот 18 партиски Конгрес, делегатите на ВМРО-ДПМНЕ го реизбраа Христијан Мицкоски за претседател на партијата.

Слични вести