Сајкоски: Конгресот треба да ни е подготовка за зајакнување на структурата и влез на нови луѓе

by vlatko 21:25
21:25

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека подготовките за редовниот 18 Конгрес започнале во јули согласно со правните акти на партијата.

-На Конгресот ќе има над 800 делегати, 1800 гости, ќе донесеме и важни стратешки документи кои ќе бидат идна тратекторија на партијата. Секако овој Конгрес треба да ни е една подготовка за подобро структуирање на партијата, односно да имаме зајакнување на структурата, влез на нови луѓе и да направиме она што беше очекувано, победата на локалните избори да е вовед во голема победа на парламентарните избори ако бидат редовни во 2028 година. Треба да покажеме дека ќе има континуитет и ВМРО-ДПМНЕ ќе испорачува за граѓаните и за државата – рече Сајкоски.

Тој укажа дека тоа што се случи на локалните избои за ВМРО-ДПМНЕ е голем резултат и оти тоа се историски резултати воопшто.

-Анализирајќи преку бројки резултатите имаат историски, голем резултат. Добивме голема доверба од граѓаните и следниот период ќе следи и анализа, но морам да прецизирам дека ВМРО-ДПМНЕ доби општини кои дваесеттина години биле во рацете на градоначалници од СДСМ. Тоа се Струмица и Карпош, но и Крушево, Валандово, Дојран… ВМРО-ДПМНЕ го доби и Кичево. Го изгубивме 2013 година и се провлекуваше тезата за етничка линија. Нашиот кандидат доби гласови од сите, затоа ова е најсилен исчекор што го имала некоја политичка партија – кажа Сајкоски.

Слични вести