160
Централната команда на вооружените сили на САД (СЕНТКОМ) соопшти дека американските сили уништиле 16 ирански пловни објекти наменети за поставување мини во близина на стратешки важниот Ормуски Теснец.
Акцијата е извршена вчера, откако претходно американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Техеран со сериозни воени последици доколку се одлучи да го минира клучниот коридор за транспорт на нафта и гас.
„Американските сили уништија неколку ирански бродови, вклучително и 16 минополагачи во близина на Ормускиот Проток“, објави СЕНТКОМ на социјалната мрежа „Икс“.
Претходно, Трамп предупреди дека доколку се потврдат извештаите за иранските активности за минирање на протокот, ќе следува жесток одговор.