Рутинска интервенција на крајници со фатален крај за четири годишно девојче во Србија, се огласи Обвинителството

by irena 17:42
17:42

За четиригодишно девојче од околината на Чачак, Србија, кое почина на 4 февруари по операција на крајниците, истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Чачак. Обвинителството нареди обдукција на телото и извршување на токсиколошки анализи, со цел да се утврдат сите околности поврзани со трагичниот случај, објавија српските медиуми.

„Во врска со зголемениот јавен интерес за настанот, дежурниот јавен обвинител бил известен од Полициската управа во Чачак и наредил да се извршат обдукција, токсиколошки анализи и други неопходни дејствија. По нивното завршување ќе се одлучи за понатамошниот тек на постапката“, соопшти обвинителството.

Девојчето починало поради компликации за време на будењето по операцијата. Итно било транспортирано од Чачак во Белград, но починало во Институтот за мајка и дете.

Нејзината мајка изјавила дека детето немало други здравствени проблеми освен крајниците. Министерството за здравство претходно соопшти дека презема сите потребни мерки за утврдување на околностите.

Слични вести