Руте: Нема докази дека Русија има намера да нападне која било членка на Алијансата

by irena 19:11
19:11

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека НАТО не гледа непосредна закана за својата територија и оти нема докази дека Русија има намера да нападне која било членка на Алијансата.

За време на посетата на Талин, Руте ја пофали Естонија за издвојувањето пет отсто од бруто-домашниот производ за одбрана и за поддршка на Украина, нагласувајќи дека земјата поставува стандарди за другите членки на НАТО, објави естонскиот јавен сервис.

Тој додаде дека руските хибридни напади нема да ги заплашат сојузниците.

Слични вести