Руски напад во Киев: една загината, 11 повредени

by irena 11:07
11:07

Во руски напад во Киевската Област 55-годишна жена е убиена, а 11 лица се повредени, соопшти полицијата на киевскиот регион.

Пријавено е дека се оштетени 25 повеќекатни згради и 106 куќи, како и 88 автомобили.

Во областа Бровари повредени се три лица, а оштетени се 10 повеќекатни згради и 17 куќи, 42 возила, 20 гаражи, трговски центар и градинка.

Слични вести