Најмалку пет луѓе денес загинаа, а 43 се повредени во нови руски напади врз Киев, објави „Киев индепендент“.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека 25 луѓе, меѓу кои и две деца, се хоспитализирани.
Во текот на ноќта, руските сили повторно го нападнале Киев со дронови, при што бил погоден 16-катна станбена зграда во централната населба Печерски, каде загинало 14-годишно момче.
Според Националната полиција, дронот го погодил објектот меѓу 10-тиот и 11-тиот кат.
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека загинатото момче било израелски државјанин, а во нападот била повредена и неговата мајка.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените.
Тој соопшти и дека во нападот бил оштетен магацин што го користи „Мекдоналдс“ во градот Бровари, во Киевската Област.