Рот: Опструкцијата на Бугарија кон Македонија мора да престане

by vlatko 21:35
21:35

Глупавaта опструкција на патот на Северна Македонија кон ЕУ од страна на Бугарија е неодговорна и мора да престане, напиша на Твитер поранешниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот.

Според него, оваа опструкција ја ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи само на Русија, Кина и други авторитарни актери.

-Новата бугарска влада треба да се засрами – порача Рот.

Неговата реакција уследи откако бугарското МНР го пренесе ставот на министерката Велислава Петрова-Чамова во кој стои дека тоа бил „еден од најјасните институционални одговори досега во врска со ставот на Софија за пристапување на Северна Македонија кон ЕУ“.

Во него се наведува дека „Бугарија го смета европскиот консензус од јули 2022 година за целосно обврзувачки и отфрла секаков обид за негово реинтерпретирање или заобиколување“.

Слични вести