Роналдо: Главата горе!

by irena 16:08
16:08

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, по нерешениот резултат со Демократска Република Конго, изјави дека неговата репрезентација не го започна Светското првенство онака како што сакаше. Фудбалерите на Португалија и Демократска Република Конго одиграа нерешено 1:1 во Хјустон, во првото коло од Групата К на Светското првенство.

Роналдо не зборуваше на прес-конференцијата по натпреварот, но се обрати на социјалната мрежа X.

„Не беше почетокот каков што го сакавме, но ова е далеку од завршено. Држете ја главата горе и фокусирајте се на следниот натпревар“, напиша 41-годишниот Роналдо, кој го одигра својот 229-ти натпревар за репрезентацијата.

Роналдо му се придружи на Лионел Меси како единствени играчи кои настапиле на шест Светски првенства.

Но, еден ден откако капитенот на Аргентина постигна хет-трик, Роналдо пропушти неколку можности за гол.

Роналдо го одигра целиот натпревар и на 41 година и 132 дена стана најстариот играч кој започнал натпревар во историјата на светските првенства.

За повеќе од 90 минути на теренот, тој имаше три удари кон противничкиот гол, но ниту еден во рамките на голот.

Вкупно, ја допре топката 25 пати, изгуби неколку (3) поседи и победи во два од три воздушни дуели.

Сè на сè, далеку под неговите кариерни стандарди.

Слични вести