Рокас: Не постои членство во ЕУ без право на глас или без право на вето

by irena 16:03
16:03

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска од Прилеп порача дека пристапувањето во Европската Унија е строго дефинирано со постојните договори и дека во нив не постои опција за членство без право на глас или без право на вето. Рокас појасни дека за каква било промена на овие правила е потребна едногласност од сите земји членки, што во моментов не е случај.

-Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската Унија. Всушност, не постои такво нешто кое би предвидувало во тие договори дека втората година ќе може да предвиди за секоја успешна земја која ќе ги исполни условите за членството во ЕУ да го нема, пример, правото на глас или пак да го нема правото на вето. Ако такво нешто се промени се разбира дека тоа тогаш би предвидувало промена на постојните договори на ЕУ, која, од друга страна, за да се променат тие договори, тоа би значело едногласност од сите членки на Унијата. Во моментов постои политичка дебата во ЕУ и во Регионот, тука, во врска со тоа за напорите на Европската Унија како, всушност, во таков случај како би ги третирало, ако има, 4-5-6 успешни земји кандидати и што би значело нивното примање во ЕУ. Истовремено, Европската Унија се обидува да даде итни одговори и на постојните светски предизвици. Така што, постои дебата во рамките на Европската Унија во сите области. Меѓутоа, за овој момент, договорите на ЕУ се такви какви што се и остануваат. Сега, голем и врвен приоритет за вашата земја е да продолжи со имплементација на реформите што, всушност, е јасен пат за имплементација на реформите за Република Северна Македонија, изјави евроамбасадорот.

Слични вести