Родителите до политичарите: Ќе горите во пеколот!

by irena 20:00
20:00

Родителите од Кочани на денешниот „Марш на ангелите“ како и секоја сабота застанаа пред општината каде прашаа зошто го нема градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски да им се придружи.

Родителите меѓу другото побараа да престанат политичките манипулации и превирања на нивен грб потенцирајќи дека тие бараат само правда за нивните деца.

Политичарите во Македонија добија жестока порака од родителите дека ќе горат во пеколот.

Семејствата на загинатите во Кочани побараа од премиерот Мицкоски да ја објави целосната снимка од состанокот во Владата на 7 јули 2025 година.

„Во име на Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, со ова јавно реагираме и категорично демантираме дека родителите шират невистини, како што беше изјавено во Вашата изјава на официјалната веб страна на Влада на РСМ. Во прилог на вистината, Ве потсетуваме дека на 07.07.2025 година (понеделник) во 17:00 часот, во Вашиот кабинет, се одржа официјален состанок помеѓу Вас и мнозинството од родителите на трагично загинатите деца. На истиот состанок целокупниот разговор беше целосно снимен од Ваша страна. Доколку навистина стоите зад своите зборови и верувате во транспарентноста и чесноста, Ве повикуваме слободно да ја објавите целосната видео-снимка од тој состанок, за јавноста самата да се увери во вистината“, порачаа тие.

Слични вести