Ристески: Новата државна кошничка ќе биде за 10% пониска

by irena 08:23
08:23

Просечната потрошувачка кошничка е изготвена уште минатата година, но сè уште, повеќе од шест месеци, се чека одговорот од синдикатите и работодавачите – да кажат дали е во ред или имаат некакви сугестии кои можеби би требало да се вградат во неа.

Како што рече заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, просечната кошничка ќе биде најмалку 10 отсто пониска во однос на синдикалната и од неа се исклучени цигарите, тутунот, алкохолот и станарината.

Според Ристески, синдикатите ја пресметувале синдикалната кошничка врз основа на цените од еден или два маркети, ги земале предвид сезонските овошја и зеленчук кои не се карактеристични за соодветните периоди, а ја калкулирале и киријата. Притоа, податоците не се однеcувале за цел месец, туку кошничката се пресметувала на 20-ти во месецот. Како што рече, тоа го правеле за да вршат синдикален притисок во јавноста и врз Владата за зголемување на платите.

-Потрошувачката кошничка е изготвена уште во првиот дел минатата година, на 30 јули на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ја дадовме на увид на синдикатите и работодавачите и сé уште очекуваме одговори од нив, еве, повеќе од шест месеци, да кажат дали е во ред или имаат некакви сугестии што би требало да се вградат. Кога тоа ќе го направат, ќе ја поставиме на ЕСС и ќе почнеме да ја пресметуваме. Ние имаме направено пресметка и има разлика во однос на синдикалната кошничка. Просечната потрошувачка кошничка е пониска од минималната, а разликата во однос на синдикалната сигурно ќе биде повеќе од 10 отсто. Параметрите се земени од Државниот завод за статистика, врз база на шест синџири на маркети на национално ниво, два регионални маркети, зелени пазари од различни региони и Земјоделскиот пазарен информативен систем – рече Ристески.

Слични вести