Резолуцијата со Бугарија што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ е штетна оти отвара прашања што веќе се затворени, вели Каранфилова-Пановска

by admin 20:58
20:58

Иницијативата за заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ е штетна оти ги подрива нашите позиции како држава и го отвара прашањето за македонскиот јазик и идентитет, што веќе комплетно е затворено во време на владата на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ).

Ова денеска го изјави заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска во интервју за ТВ Канал 5, коментирајќи го предлогот на премиерот Христијан Мицкоски, за земјава со заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент да ја потврди посебноста на македонскиот идентитет и јазик.

“Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се гарантирани со обврзувачки документи на Европската Унија, со преговарачката рамка, што ја имаме на масата и со договорот со Фронтекс. Македонскиот јазик е заштите во рамките на ЕУ, на македонски јазик се преведуваат договорите што се потпишуваат со нашата држава.

Апсолутно не гледаме причина во оваа ситуација со една ваква иницијатива одново да отвараме прашања што се затворени, само и единствено да служат на дополнителни поделби и поларизација во општеството, нешто што ни е најмалку потребно“, рече таа.

Според неа, треба да престанеме да се занимаваме со тоа кој е патриот, а кој е предавник.

Слични вести