162
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлуки за повеќе казни за клубовите во Првата и Втората лига, но и за поединци, така казна заработија членовите на Шкендија, Имран Фетаи и Јетон Беќири.
Фудбалерот на Шкендија и репрезентативец на Македонија, Имран Фетаи ќе мора да плати 500 евра за недолично однесување и кршење врата на натпреварот против Силекс во Кратово кој се играше во рамките од 30. коло.
Идентична казна заработи и тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, но за навреда кон припадници на МВР по завршувањето на дуелот.