Разрешен шефот на Специјалната единица на српското МВР

by valentina 18:56
18:56

Актуелниот командант на Специјалната антитерористичка единица (САЈ) при МВР Србија, Спасоје Вулевиќ, потврди дека е разрешен од должноста и дека се пензионира по сопствено барање, објави „Н1“.

Вулевиќ изјави дека во четврток е усвоена нова систематизација на работни места, а во петок бил информиран дека повеќе не се смета на него бидејќи „не е под контрола на Александар Вучиќ“.

По завршувањето на Воената гимназија и Воената академија, поминав 33 години во САЈ. Почнав како обичен припадник на единицата, поминав низ сите линии на команда, а од 2005 година бев командант на единицата. Во петок, на 5 септември, бев разрешен и ми беше понудена позицијата советник на министерот. Ја одбив таа понуда и се пензионирам по сопствено барање“, изјавил Вулевиќ.

Слични вести