92
Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико, јавува EMSC. Издадено е предупредување за цунами.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на оддалеченост од 103 километри од градот Тапачула.
Првично беше соопштено дека магнитудата изнесува 6,6 степени според Рихтеровата скала, но набрзо таа беше зголемена на 7,3, а потоа и на 7,4 степени.
Земјотресот се почувствувал и во градови во Гватемала, на повеќе од 200 километри од епицентарот.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат ситуацијата.