Разбиена група дрвокрадци во Штип

by vlatko 21:49
21:49

Акција на МВР, вработени во ЈП „Македонски шуми“ и Шумската полиција резултирала со одземање повеќе возила што, според Кире Михаилов, биле користени за превоз на бесправно исечени огревни дрва во регионот на Штип.

Акцијата започнала рано утрово и била насочена кон група дрвокрадци кои, според Михаилов, подолг период дејствувале во штипскиот регион.

На повеќе локации на Плачковица биле одземени патнички возила со кои се превезувале поголеми количества бесправно исечени и нежигосани огревни дрва.

Михаилов најави дека ваквите акции ќе продолжат и порача дека нема да дозволат ниту еден регион во Македонија да биде оставен на милост и немилост на дрвокрадците.

Слични вести