Рускиот претседател, Владимир Путин, истакна дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг достигнале ниво на сеопфатно стратешко партнерство без преседан.
Во телеграмата, тој посочи дека празникот што го одбележува Пјонгјанг е симбол на храброста и издржливоста на севернокорејскиот народ.
Според него, токму тогаш биле поставени темелите на цврста традиција на борбено братство и заемна помош, што претставувало основа за развој на пријателски и добрососедски односи меѓу двете земји.
-Нашите земји активно соработуваат на сите полиња, координирајќи ги напорите за обезбедување регионална безбедност и стабилност.
Уверен сум дека ќе продолжиме со конструктивната соработка во однос на актуелните прашања од билатералната и меѓународната агенда, за доброто на рускиот и корејскиот народ – изјави Путин.