Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили

by irena 08:18
08:18

Европската автомобилска индустрија е во длабока криза и нејзините претпријатија се затвораат, додека луѓето во Европа наскоро главно ќе возат кинески автомобили, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Каде е европската автомобилска индустрија? Во длабока криза. Претпријатијата се затвораат. Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили. Дали тоа е добро или лошо, не знам, но тие се достапни и со висок квалитет“, рече Путин на пленарната седница на клубот за дискусија „Валдај“ во Москва, како што пренесе „Комерсант“.

Путин истакна дека кинеските автомобили веќе масовно се користат во Русија и ја оцени соработката меѓу двете земји како заемно корисна.

Тој додаде дека уделот на руските индустриски производи на кинескиот пазар постојано расте.

Слични вести