Путин и Ердоган: Турција е подготвена повторно да биде домаќин на разговори во Истанбул

by vlatko 19:00
19:00

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот лидер Владимир Путин разговараа по телефон за билатералните односи, Сирија и Украина, соопшти турската претседателска администрација.

„Беа разгледани билатералните односи меѓу Турција и Русија, регионални и глобални прашања. Претседателот Ердоган рече дека е важно да се започне третата рунда разговори меѓу Русија и Украина и дека Турција ќе продолжи да биде домаќин на разговорите во Истанбул кога ќе бидат одредени датуми погодни за страните“, се вели во соопштението.

Ердоган му рече на Путин дека Турција се стреми да обезбеди стабилност во Сирија.

Слични вести