Путин го обвини Западот: Ја уништивте Либија

by irena 20:55
20:55

Рускиот претседател Владимир Путин директно ги обвини западните земји за „уништување на либиската државност“ и рече дека Русија ќе направи сè за да придонесе за конечно решавање на внатрешниот конфликт во Либија и развојот на нејзината економија.

„Најважното прашање што ги засега Либија и либискиот народ е враќањето на единството на земјата, нејзиниот територијален интегритет, како и потребата од одржување претседателски и парламентарни избори“, рече Путин на пленарната седница на самитот „Русија-Африка“.

Коментирајќи го излагањето на претседателот на Претседателскиот совет на Либија, Мухамед ал-Менфи, Путин посочи на „диктатот што ни го наметнаа западните земји“.

„Мислам дека е очигледно за сите дека западните земји, за жал, одиграа значајна негативна улога во уништувањето на либиската државност“, нагласи рускиот претседател.

„Не сакам да коментирам за внатрешните политички процеси во Либија, кои исто така беа сложени, но мешањето на Западот сепак ја одигра својата улога и доведе до уништување на либиската државност. За мене, ова е очигледен факт“, рече Путин.

Тој нагласи дека само самите Либијци треба да донесат конечна одлука за решавање на конфликтот и враќање на државноста, пренесува Спутник.

„Русија ќе направи сè за да биде така. И ние сигурно ќе ги продолжиме контактите со вас за сите клучни прашања, вклучително и економијата“, рече Путин, обраќајќи се до Ал Менфи.

Слични вести