189
Кај влезот на скопското село Батинци, утринава околу 10 часот имало пукотници, при што едно лице е повредено, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„Во СВР Скопје било пријавено дека лице употребило огнено оружје и пукало кон друго лице. Повредениот е префрлен во здравствена установа каде му е укажана медицинска помош“, соопштија од МВР.
Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а истрагата за утврдување на мотивите и околностите под кои дошло до пукањето е во тек.
Засега нема информации за идентитетот на напаѓачот, кој е во бегство.